Еди Херн истакнува дека Џошуа е подготвен да го потпише договорот за мечот против Фјури

Преговорите за меч меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик пропаднаа, а боксерите сега можат да се свртат кон други обврски и противници.

Промоторот на Усик, Александар Красјук изјави дека Александар ќе се обиде да договори меч против Даниел Дубоа.

Но, британскиот борец се опоравува од повредата на коленото.

И има многу кандидати за борба против Фјури. Еден од нив е Енди Руиз, кој веднаш му се понуди на Кралот на Ромите, а преку социјалните мрежи порача: „Ајде да го направиме тоа“.

На својата шанса се надева и поранешниот шампион на УФЦ, Френсис Нгану. И двајцата се надеваат дека оваа борба  ќе им донесе добра заработка.

Во игра за потенцијален противник на Фјури се врати и Ентони Џошуа. Во последните години многу се зборува за нивната борба која го доби името: „Битката на Британија“.

Но Џошуа на 1 април има меч против Американецот Џермејн Френклин и ќе се обиде да си ја врати самодовербата по двата порази во низа од Александар Усик.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, најави дека Еј Џеј оваа година ќе има три меча, првиот против Џермејн Френклин, вториот со Дилиен Вајт, а потоа на крајот на годината ќе боксира и против Дионтеј Вајлдер.

Во последната изјава Херн откри дека ќе се обиде да организира меч против Фјури.

„Имавме договорени услови, финансиски борбата беше двојно поголема од мечот меѓу Фјури и Усик. Подготвени сме да потпишеме веднаш по судирот против Френклин“, изјави Еди Херн.

А за Џошуа да добие шанса да се бори со Усик, прво треба да го победи Френклин.

„Не можам да кажам дека ќе го чекам тој старец. Има и други големи борби што можат да ги имаат. Нема да жалам што не се борам со Фјури во текот на мојата кариера. И јас го посакувам тој меч исто како и тој“ – изјави Ентони Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON