Четири победи во последните 11 месеци е импресивен настап на Ентони Џошуа кој го задржа во елитното друштво на најдобрите светски тешкаши.
Победата над Џермејн Френклин и трите последователни нокаути против Роберт Хелениус, Ото Валин и Френсис Нгану го вратија Еј Џеј во игра за да се најде во борба за титулата во еден од неговите следни натпревари.
Промоторот Еди Херн неодамна ги претстави плановите на Џошуа за неговата кариера и ги откри неговите потенцијални противници.
За повеќето желба е Џошуа да ја има следната борба против подобриот од апсолутниот светски шампион пресметка меѓу Усик и Фјури, која треба да се одржи на 18 мај во Саудиска Арабија.
„Џошуа имаше четири борби во последните 11 месеци. Тоа се четири десетнеделни кампови, вкупно имаше 40 недели некакви обврски и малку слободно време. Но, Еј Џеј се чувствува одлично, а самодовербата му се врати“, изјави Еди Херн и додаде:
„Засега нема да носиме никакви одлуки пред мечот меѓу Фјури и Усик. Ако Фјури победи, верувам дека неговата екселенција, без разлика на договорот за две борби, ќе се обиде да го организира најголемиот меч во историјата на боксот помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури. А има и меч против Филип Хрговиќ за титулата во ИБФ. Има навистина многу опции“.