Претседателот на Мечрум бокс, Еди Херн, откри дека Тајсон Фјури и Енди Руиз ќе се борат ова лето, иако двајцата допрва треба да го објават тоа во јавноста.
Херн беше принуден да одговори на Боксинг кинг медиа зошто Ентони Џошуа нема да боксира во наредните месеци и изјави дека причината биле разговорите меѓу Фјури и Руиз.
Дури и го посочи датумот 22 јули кога шампионот на ВБЦ треба да се соочи со поранешниот носител на четири светски титули. Дали тоа ќе се случи, ќе дознаеме многу брзо.
View this post on Instagram