Еди Херн потврди дека Ентони Џошуа нема да отстапи од втората битка со Александар Усик. Во последно време многу се зборува за средба помеѓу Усик и Тајсон Фјури на која треба да се промовира неприкосновен шампион во тешка категорија.
Кон крајот на минатиот месец Усик му одржа лекција на Џошуа и го симна од тронот во тешка категорија. Големата британска ѕвезда загуби по втор пат во кариерата. Втората средба помеѓу Усик и Џошуа е закажана за март 2022 година.
Боб Арум неодамна го повика Џошуа да се повлече, но Ентони е категоричен дека нема. Во еден од неговите последни настапи во медиумите Херн го коментираше својот борец.
„Тој само се одмараше и патуваше наоколу. Ентони веќе тренира. Бев со него утрово, тренира и почнува да размислува за втората битка со Александар Усик. Морам да видам агресија и безмилосни инстинкти. Го видовме лицето на Усик по средбата.
Џошуа едвај го удрил со тупаници. AJ може да направи сериозна штета, но Усик е брилијантен борец и ќе му треба промена. Мислам дека Ентони веќе работи на овие промени. Тој е шампион.
Зошто да се повлечеш и да му дозволиш на Усик да се бори со Тајсон Фјури? Ниту Вајлдер не сакаше да отстапи. Се што Џошуа сака да направи е да го нокаутира Усик, и на тоа се фокусира“, рече Херн.