Еди Херн: Џошуа треба да боксира до средината на август, за да има две борби во 2020 година

Промоторот Еди Херн објави дека Ентони Џошуа мора да се соочи со Кубрат Пулев до средината на август за да го исполни својот план за две борби во 2020 година. Засега, пандемијата на коронавирусот го одложи многу очекуваниот судир на 25 јули на стадионот Тотенхем.

„Следните две недели ќе откриеме сè што сакаме да знаеме. Се надеваме дека 25 јули не се менува како датум. Но, поголемо прашање е што Џошуа треба да се бори до средината на август за да го исполни својот план од два дуела во 2020 година.

Значи, ако одложувањето трае подолго, можеме да почнеме преговори за борба со Тајсон Фјури во октомври-ноември. Имаме договор со Кубрат Пулев, и Фјури со Дионтеј Вајлдер, но сè може да се случи во овој луд свет.

Ако Пулев не се сретне со Џошуа во наредните месеци, може да почне да мисли дека старее и ова му е последната шанса да стане обединет светски шампион. За Е.Џ. главна движечка сила му е легендарен статус“, изјави Херн за Ивнинг стандард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON