Менаџерот на Ентони Џошуа, Еди Херн се обиде да стави крај на шпекулациите за неговиот боксер. Тој даде опширно интервју за ДАЗН, во кое зборуваше за честите вести за можноста Еј Џеј да земе пари за да го откаже реваншот со Александар Усик. Така, Украинецот ќе може да се соочи со Тајсон Фјури за да ги обедини сите појаси во тешка категорија ова лето.
Херн потврдува дека е дадена понуда до Џошуа во оваа насока.
„Да, имаме црно-бел предлог за таков развој на настаните, преговарам и јас. Но, тоа не е моја одлука. Зборот е на Еј Џеј, тој е газда. И колку што знам нема да ги земе парите. Тоа никогаш не го допрело“, изјави менаџерот.
Тој е на мислење дека привлекувањето на нов тренер во таборот на Џошуа е сигнал дека сака реванш.
„Зошто би променил нешто, за да го порази Усик доколку се повлече? Усик може да падне од Фјури, а потоа се ќе биде залудно. Нема логика во ова. Ентони никогаш не побегнал од никого. Нема да го направи тоа сега, без разлика на сумата“, изјави Херн.
Менаџерот потсетува и дека Еј Џеј сака да влезе во историјата како една од легендите во тешка категорија.
„Ова не може да се случи ако реши да земе пари и да се повлече. Тогаш сите ќе кажат дека се плашел од Усик. Тоа нема да го дозволи, бидете сигурни“, изјави агентот.
За обединувањето на сите појаси, тој рече: „Замислете Еј Џеј да се повлече. Фјури го победи Усик, а потоа вели дека нема да боксира две години. Што се случува тогаш? За што беше сето ова? Заборавете на оваа опција“.
И Еди Херн негира дека сумата е 5 милиони фунти.
„Не велам дека има вистина во некои од гласините. Напротив, во некои од агенциите објавуваат точни работи. Но, парите дефинитивно не се 15 милиони фунти. Тоа што се предлага како бројка е помалку. Нема договор и мислам дека нема да има“.