Битолчанецот Менде Чукалевски забележа втора ММА победа со нокаут во САД (ФОТО/ ВИДЕО)

Менде Чукалевски викендов ја забележа втората ММА победа во на настанот Кејџ ворс 50 во Њујорк, победувајќи го со нокаут во првата рунда Нортхерн МекКалоу.

Чукалевски и првата борба ја добил со нокаут.

Победите ги прославува со македонското знаме.

Инаку, Менде попотекнува од Битола од село Буково. Од мали години е преселен во САД, во државата Нујорк  во градот Сиракуз  Њујорк, каде и што живее.

Чукалевски од тинејџерски години се занимава со бодбилдинг,притоа има освоено неколку први места низ Америка, а од пред три години почнува да тренира џиу џицу. Подоцна почнува со натпревари во ММА.

Менде со нетрпение ја чека наредната борба на Кјеџ ворс 51.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО