Еди Херн: Џошуа и Вајлдер сакаат да се борат во 2023 година

Познатиот промотер Еди Херн, застапувајќи ги интересите на поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа, проговори за можна борба на Британецот и Дионтеј Вајлдер. Навивачите долго ја чекаат оваа борба, уште кога двајцата беа шампиони.

Се водеа и преговори, но тоа не доведе до пресметка. Сега повеќе не се шампиони, а нивната борба изгледа реална. Херн тврди дека двете страни го сакаат тоа и дека би можеле да видиме нивна средба во 2023 година.

„Знам дека Вајлдер треба да се бори со Енди Руиз. Еј Џеј исто така гледа на својот следен противник. Ќе го продолжиме дијалогот. Искрено, не гледам опција борбата да се организира во март, но налето и воопшто следната година да.

Тоа е голема борба. Вајлдер е очигледен конкурент. Што ќе се случи со Џошуа зависи од неговата борба со Енди Руиз. Ако сè друго не успее, тука е Дилиен Вајт.

Мислам дека Џошуа-Вајлдер е извонредна борба. Сакам да се сретнат во 2023 година и тие го сакаат тоа“, изјави Херн за BoxingScene.

Вајлдер ќе се сретне со Енди Руиз, а победникот се бори за титулата на ВБЦ што ја држи Тајсон Фјури. За Џошуа не е познато со кого ќе се соочи на следната средба во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON