Еди Алварез: Борците се сиромашни, затоа што не штедат

55

Поранешниот шампион во лесна категорија во УФЦ, Еди Алварез смета дека неговите соборци секогаш ќе бидат робови на нивните ММА организации. Во последните месеци многу борци го нападнаа УФЦ затоа што најголемата ММА организација дава најниски плати. Работата стигна до таму што Џон Џонс и Хорхе Масвидал не сакаа да се борат затоа што се малку платени.

Еди Алварез вриел и певрил во ММА и има 38 борби во кариерата. Тој е поранешен шампион во Белатор и УФЦ, а до денес се бори во ОНЕ Шампионатот, каде што е близу до титулата. Алварез верува дека борците секогаш ќе бидат сиромашни бидејќи не се одговорни и дисциплинирани за своите пари.

„Никогаш не штедите или инвестирате. Секогаш ќе бидете робови на организацијата и ќе имате потреба од борби. Борбите не заработуваат многу за борците. Но, точно е и дека повеќето од борците се финансиски неодговорни и немаат дисциплина“, вели Алварез.

https://www.instagram.com/p/CBy-l1Gp5Uw/?utm_source=ig_embed