Непоразениот Едгар Берланга ќе се врати во рингот кон средината на март.
24-годишниот Американец со порторикански корени ќе се соочи со Канаѓанецот Стив Ролс на 19 март во Њујорк, САД. Битката ќе се води во суперсредна категорија и ќе има максимално времетраење од 10 рунди.
Берланга не се борел од октомври, кога со едногласна одлука го победи Марсело Косерес во подготвителниот меч од трилогијата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер. Победата не беше лесна, бидејќи Едгар за прв пат во професионалната кариера беше во нокдаун.
Идниот претендент за светската титула потоа беше опериран на раката, но опоравувањето оди според планот и ќе биде подготвен за мечот со Ролс.
36-годишниот Канаѓанец не се борел од декември, кога победи непретенциозен противник по речиси двегодишно отсуство од рингот. Последниот пораз на Ролс беше во 2019 година кога Генади Головкин го спречи во четвртата рунда.