Македонските кикбоксери освоија пет медали на Светскиот куп ,,Хрватска опен“ кој се одржа викендов во Макарска, а на кој учестваа 9 земји со 180 натпреварувачи.
Нашите репрезентативци освоија: 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен медал.
Искусниот Димитар Ѓеорѓиев -79 кгј се закити со златен медал, а беше прогласен и за најдобар кикбоксер во кик лајт и ја освои премијата на ,,Хрватска опен“, како и престижниот пехар.
Кадетите имаа успешен настап и со сребрен медал се враќаат Ѓоше Ѓошев -50кг лајт контакт, Божидар Јанков- 60кг лајт контакт и Викторија Варадинова -60кг лајт контакт, а бронзен медал освои Јована Арсова -55кг во лајт контакт.
Кристијан Корпашев – 55кг поинт фајт немаше среќа и остана без медал, откако беше поразен во осмина финалето .
Со овој настап на Македонските кик боксери завршија активностите на КБФМ на меѓународно поле за 2014год.
ipon.mk/В.Д.