Еден петел во Дагестан е именуван по Конор Мек Грегор

Дагестанската интернет сензација Хасбула Магомедов го нарече својот петел по Конор Мек Грегор.

Магомедов е близок пријател на Хабиб Нурмагомедов и неговите соборци. Хасбулах е 18-годишно момче кое боледува од ретка болест и изгледа како 5-годишно момче. Тој стана познат пред една година откако требаше да се бори со млад човек со негова големина, но натпреварот пропадна.

Хасбула се зближи со Хабиб, па дури присуствуваше на настан на УФЦ каде што тој беше голема атракција. Очигледно, блискоста на Хасбула со Нурмагомедов го тера да ја мрази ирската ѕвезда. Хабиб и Мек Грегор имаат една од најголемите караници во ММА што ја решија внатре во кафезот.

Нурмагомедов пред неколку години во Лас Вегас успеа да го нокаутира Конор Мек Грегор. Пред нивната борба, Хабиб често велеше дека Мек Грегор е страшливец како пиле. Ова е причината зошто Хасбула го нарече својот петел по поранешниот двократен шампион.

Еве видео на кое се гледа како петелот Конор Мекгрегор слободно шета во Дагестан:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON