Светската шампионка на ИБФ во бантам категорија, Ебaни Бриџис, ја откри тежината на нејзините гради во рингот за да им возврати на критичарите кои веруваат дека таа ги користи за да добие предност против нејзините ривалки.
„Што сакаш – извади ми ги цицките? Ме ставаат позади на вагата затоа што се килограм и пол градите се потешки, што се бескорисни во рингот, разбирате ли?“ прашува реторички „Рускосата бомбардерка“ на подкастот на Џорџ гловс бокс клуб.
Бриџис во декември направи успешна прва одбрана на појасот против Шенон О’Конел, уште еднаш со секси настап на мерењето.
View this post on Instagram
Нејзиниот стил е многу успешен надвор од рингот, затоа што привлекува внимание за да може да ги покаже своите боксерски вештини пред најголемата можна публика. Ова е причината поради која потпиша договор со Мечрум бокс.
Критичарите на Австралијката велат дека таа му дава лошо име на спортот, но Ебани одговори со тоа што ги повика да влезат во новиот свет, каде што има се помалку простор за конзервативната генерација.
View this post on Instagram