Во вторник, 22 февруари, кик-бокс организацијата Глори ќе одржи прес-конференција пред претстојната гала вечер. На 19 март во Белгија ќе го видиме настанот Глори 80 во Хаселт.
Во главната битка на вечерта Џамал Бен Садик во тешка категорија ќе ги одмери силите против ѕвездата во подем Леви Ригтерс.
Коглавната битка исто така е во тешка категорија. Легендата Бадр Хари ќе има реванш со Аркадиуш Вжосек. Тие се бореаа кон крајот на 2021 година, а Хари загуби со нокаут.
На прес-конференцијата борците од главните и коглавните битки ќе се соочат и ќе разменуваат закани.
Главна карта:
Леви Ригтерс – Џамал Бен Садик
Аркадиуш Вжосек – Бадр Хари
Артем Вахитов (ц) – Луис Таварес
Тифани ван Соест (ц) – Маназо Кобајаши
Бајрак Ертугрул – Серкан Озчаглајан
Герик Билет – Нордин Бен Мох
Прелиминарни:
Јос ван Белцен – Џеј Овермер