Една од ѕвездите на Мајами Делфинс – Рахим Мостарт ги посочи своите фаворити од УФЦ кои би ги пречекал во најголемиот шампионат за американски фудбал во светот – НФЛ. Меѓу нив, очекувано, беше и Александар Волкановски, со оглед на тоа што овој спорт го практикуваше во минатото пред да се занимава со ММА.
Жилберт Барнс влезе во дискусија со играчот на Мајами за да го праша кои тројца УФЦ борци би сакал да ги види во НФЛ. Тој самиот го посочи Барнс и ги додаде имињата на Алекс Волкановски и Џон Џонс.
Бразилецот е голем љубител на спортот и внимателно го следи секогаш кога ќе му се укаже шанса, додека „Коски“ отсекогаш имал држење/ став на американски фудбалер.