Џулијана Пења загуби парче од челото во борбата со Аманда Нунеш: Мора да оди на операција

Претседателот на  УФЦ, Дaна Вајт, вели дека Џулијана Пења треба да даде приоритет на своето здравје по доминантниот пораз за титулата од Аманда Нунеш.

На настанот УФЦ 277 во Далас Бразилката со едногласна одлука на судиите убедливо ја победи американската воинка и си го врати шампионскиот појас во бантам категорија.

Аманда доминираше во текот на целиот меч, а на Џулијана и нанесе сериозна расекотина на челото кое постојано крвареше. Американката жестоко се бореше до крајот.

„Џулијана има тешка повреда, изгуби парче од челото“, изјави шефот на УФЦ, Дејна Вајт и додаде:

„Ќе посети пластичен хирург, па ќе ја видиме сериозноста на повредата. Најверојатно и треба операција, а потоа малку време да се опорави. Таа доби многу удари, имаше пет-шест нокдауни во првите две рунди. Таа е тешко повредена. Треба да одмори, да се опушти, да помине малку време со ќерката и потоа ќе продолжиме понатаму’.

Отпорноста и одлучноста на Џулијан во борбата беа восхитувачки, но Вајт додаде дека ова е ноќта на Аманда.

„Таа доминираше во текот на целата борба. Има голема разлика меѓу обид за завршница и нокдаун, не може ни да се спореди. Џулијана е цврста како клинец и има силна волја да победи. Токму тоа го сакаше, но Аманда ја исклучи“, додаде Дана Вајт.

https://www.youtube.com/watch?v=rAVvNr9F6iA&feature=emb_title

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON