Џудото е уште еден спорт кој по неколку месеци без натпревари поради пандемијата на Ковид-19 ќе се врати во понормален ритам во октомври. Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) објави дека Гренд слем турнирот ќе се одржи во Будимпешта на крајот на октомври.
Натпревраот за Гренд слемот во Токио е планирана за декември. Мастерс турнирите ќе почнат во 2021 година, од кои првиот ќе се одржи во Доха. Сите три натпревари носат поени за олимписката ранг-листа за Токио.