Меѓународната џудо федерација објави дека сите турнири што ќе продолжат до крајот на годината ќе носат квалификациски поени за Олимпијадата во Токио.
Меѓународните турнири во џудо бea погодени од пандемијата на коронавирус во февруари, кога кинеските тимови одбија да се натпреваруваат во Европа.
Светскaтa централа објави дека турнирите од „Светската џудо турнеја“ ќе бидат организирани кон крајот на октомври во Будимпешта (Унгарија) и во декември во Токио (Јапонија).
Федерацијата соопшти дека турнирите „имаат за цел да понудат квалификациски поени за Олимпијадата во Токио 2021“.
Некои натпревари на континентално ниво се планираат за подоцна во 2020 година.