Џозеф Паркер: Повеќе од подготвен сум за Чисора

Џозеф Паркер изјави дека е подготвен за мечот со Дерек Чисора. Поранешниот светски шампион во тешка категорија на ВБО ќе ги одмери силите со англискиот боксер во главниот меч на гала вечерта што ќе се одржи на 1 мај во Англија.

„Чисора и јас имаме незавршена работа и некои од нас ќе си ја заврши работата во рингот. Свесен сум дека победата на британско тло и на телевизиите ширум светот ќе ме доведе во одлична позиција, додека поразот е еднаков на катастрофа. Јас сум повеќе од подготвен за предизвикот“, рече Новозеланѓанецот за nzherald.co.nz.

28-годишниот Паркер има скор од 28 победи (21 со нокаут) и 2 порази (од Ентони Џошуа и Дилиен Вајт). Тој е рангиран на 9-то место меѓу најтешките во авторитетното рангирање на страницата boxrec.com. Пред три недели, Новозеланѓанецот му го нанесе првиот пораз во професионалната кариера на неговиот сонародник – Јуниор Фа.

Од друга страна, Чисора е на 11-то место на рангирањето на boxrec.com. Англискиот боксер има вкупно салдо од 32 победи (23 со нокаут) и 10 порази (3 со нокаут).

На истиот настан интерес предизвикува судирот помеѓу апсолутната шампионка во лесна категорија Кети Тејлор, која ќе ја брани титулата против нејзината поранешна ривалка од аматерските денови Наташа Џонс. Дмитри Бивол ќе го брани појасот во полутешка категорија во ВБА против Кит Ричардс, а Крис Јубенк ќе се врати во рингот. Носителот на титулата во средна категорија ВБА ќе се соочи со Маркус Морисон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON