Новозеландскиот тешкаш Џозеф Паркер брилијантно го прозва Британецот Дилиен Вајт во одлично видео минатата недела пеејќи ја Take That’s ‘Back For Good’, а сега повторно го направи тоа.
Поранешниот шампион на ВБО во тешка категорија се покажа како одличен боксер во рингот, но и многу креативна личност надвор од него.
Имено, во новото одлично видео, Паркер на сензационален начин го прозва поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа.
Џозеф Паркер (35-3, 23 КО) освои две големи победи во последните две борби.
На крајот на минатата година го совлада Дионтеј Вајлдер, а пред еден месец беше подобар од Жилеј Жанг и го освои привремениот шампионски појас на ВБО.
По одличните настапи, Новозеландецот што поскоро би се вратил во рингот, а по Вајт сега го прозва Џошуа на реванш.
Паркер и Еј Џеј боксираа на крајот на март 2018 година, а Британецот победи со одлука на судиите. Тоа беше негов прв пораз во кариерата по 24 последователни победи.
Шест години по поразот во Кардиф, Џозеф на уникатен начин го прозва Џошуа во видеото во кое позадина е песната „Lego House“ од Ед Ширан:
Let’s build a LEGO ring for Parker v Joshua 2 @anthonyjoshua 🥊
🎥🎞️: @kerryrusselltv pic.twitter.com/p67Vvozdrg
— Joseph Parker (@joeboxerparker) April 10, 2024