Ентони Џошуа (27-3) го менува мислењето за Френсис Нгану (0-1) на неделно ниво. На почетокот не го сфати сериозно кога реши да се бори со Тајсон Фјури. Тогаш призна дека за малку ќе го шокираше светот со својот настап. Потоа се согласи да се соочи со него во рингот. И еве тој денес повторно ги игнорира неговите квалитети.
„Тој не е на мое ниво“, ја цитира ТВ Ринг изјавата на „Еј Џеј“.
Неговиот одговор беше како резултат на заканата на „Предаторот“ дека ќе го нокаутира.
Ентони Џошуа и Френсис Нгану треба да се борат на 8 март во Ријад.