Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа и поранешната ѕвезда на УФЦ Френсис Нгану во петок ќе боксираат на голем настан во Саудиска Арабија.
Џошуа влегува во мечот по трите победи минатата година (Џермејн Френклин, Роберт Хелениус и Ото Валин), и се надева дека победата против Камерунецот ќе му даде шанса да се бори за титулата.
А за неговиот противник тоа ќе биде само втор професионален боксерски меч во кариерата. Минатата година, во своето деби против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, Нгану загуби со поделена одлука по одличен настап.
Во средата вечерта беше одржана последната прес-конференција пред боксерскиот спектакл во Ријад, на која Еј Џеј изјави дека ќе биде безмилосен кон Френсис.
„Ветувам немилосрдност и вистинска војна, тоа ќе биде добра борба. За тоа се сите тука – вистински меч“, изјави Ентони Џошуа и додаде дека сега не го интересира ништо друго освен борбата против Нгану:
„Засега не гледам подалеку од оваа борба. Сакам да победам и да се држам до мојот план. Френсис сонувал дека сака еден ден да стане боксер, почнал да се занимава со ММА дури на 26 години. Тој се бори од мал и знам кој ме чека во рингот“.
Џошуа истакнува дека тренинзите и спарингот се едно, а борбите друго.
„Кога ќе го затворите учебникот, тогаш веќе нема помош, мора да бидете немилосрдни. Животот го посветив на боксот и подготвен сум за секој предизвик, без разлика кој е мојот противник. И дефинитивно еден ден ќе се борам против Тајсон Фјури“, изјави Ентони Џошуа и додаде:
„Најдобриот ловец секогаш ќе победува, тоа не е ракетна наука. Една од главните работи на кои се радувам е да покажам колку сум добар. Со нетрпение го чекам мечот. Во петок ќе покажам кој е подобар“.
Нгану ги воодушеви љубителите на боксот со својот настап против Фјури. Многумина го отпишаа пред мечот, но Камерунецот покажа солидни боксерски вештини.
Камерунскиот борец признава дека било тешко да се прилагоди на многу подолга борба – тој боксираше против Фјури десет рунди (вкупно 30 минути). Неговата најдолга ММА борба траеше пет рунди по пет минути (вкупно 25 минути).
Камерунецот го пофали убедливиот настап на Џошуа против Валин, а потоа рече:
„Сè уште не сум го шокирал светот“!
Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија признава дека има уште многу да научи за боксот.
„Тренирам и учам. А кога ќе го добијам сето тоа, мислам дека светот ќе биде навистина шокиран. Му верувам на мојот тим и на се што правиме. Наскоро ќе се исплати“, рече Френсис Нгану и подвлече:
„Во петок ќе оставам се во тој ринг за да победам. Среќно во петок навечер. Поздрав, се гледаме таму“.
‼️ Anthony Joshua vs Francis Ngannou final press conference face-off ahead of Friday night…
[🎥 @Queensberry]pic.twitter.com/MX4DNFBAGb
— Michael Benson (@MichaelBensonn) March 6, 2024