Џошуа: Усик лови поголеми риби од мене, заслужено ме победи

Британскиот боксер, поранешен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа одговори на прашање за потенцијална трилогија со Украинецот Александар Усик.

„Во првата борба мојот настап беше многу лош. Реваншот беше малку подобар, но не доволно. Тоа ми покажа ново ниво кон кое треба да се стремам и нема да биде лесно.

Загубив од него во последните рунди. Мислам дека се откажав во последните две-три рунди. Но загубив од посилен противник, Усик е многу добар.

Трета борба со Усик? Прашајте го. Го знае мојот одговор, но прво треба да го прашате. Мислам дека Усик сега е зафатен бидејќи има можност да фати поголеми риби“, рече Џошуа во интервју за Јутјуб каналот на ИД Бокс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО