Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа по двата порази од Александар Усик требаше да си ја врати самодовербата за да се обиде повторно да стигне до тронот во тешка категорија.
Така мислеше и неговиот промотор Еди Херн, кој бараше нешто полесно, а сепак атрактивни противници за Еј Џеј.
Џошуа во април го победи Џермејн Френклин, а минатиот викенд со нокаут во седмата рунда славеше над Роберт Хелениус.
Финецот влезе во мечот со Ентони како замена за Дилијан Вајт, кој отпадна само неколку дена пред мечот поради позитивен допинг тест.
Откако успешно помина уште една пречка, тимот на Џошуа успешно го реализираа првиот дел од планот, а сега тој треба да победи во меч против поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.
„Мојата следна борба е против Вајлдер, па што и да се случи“, рече Ентони Џошуа, а потоа продолжи:
„Сега ме интересира само борбата против него. Сакам да му ја скршам главата на Вајлдер. Не е важно кога ќе се бориме, ми одговара се“.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, најави дека нивниот меч ќе биде договорен за јануари следната година во Саудиска Арабија.
И тренерот на Вајлдер, Малик Скот се огласи за последниот меч на Џошуа и тврди дека Бронзениот бомбардер ќе ја заврши борбата против Еј Џеј до четвртата рунда.