Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа изгледаше нервозно на соочувањето со Даниел Дубоа за време на нивното заедничко интервју за ДАЗН.
Двајцата борци за малку ќе се пресметаа откако Еј Џеј налутено го погледна привремениот шампион на ИБФ и рече:
„Едноставно сум подготвен за борба“.
Џошуа сакаше психички да го потчини Дубоа, но Даниел вешто се бранеше и му даде до знаење на поранешниот шампион како веднаш да се справат еден со друг.
Дали тоа беше знак на страв и слабост, но Џошуа му се закани на Дубоа дека ќе го удри со стол.
Изгледаше дека Еј Џеј не беше сигурен дали може да го победи Даниел во рингот.
Тоа беше чиста победа за Дубоа, покажувајќи дека на Џошуа му недостасува самодоверба за бокс мечот.
А муабетот одеше вака…
„Покрај тоа што го имам појасот, кој е тој, јас сум само подготвен да се борам“, изјави Ентони Џошуа за ДАЗН бокс за неговата борба против привремениот шампион на ИБФ, Даниел Дубоа, која е закажана за 21 септември на Вембли, а Даниел Дубоа се надоврза:
„Да одиме“.
Пред да избие кавгата Френк Ворен се вклучи за да ја смири ситуацијата и им рече да почекаат до 21 септември, но потоа почна.
Дубоа: „Ако сака да удри, да одиме сега“.
Џошуа: „Заќути, опушти се“.
Дубоа: „Ако сакаш сега, ајде да одиме“.
Џошуа: „Опушти се“.
Дубоа: „Ајде да одиме ако сакаш“.
Џошуа: „Ќе те удрам со стол по глава. Не ме омаловажувај’.
Дубоа: „Не можеш да ме заплашиш. Што се замислуваш дека си?
Џошуа: „Даниел, не ме омаловажувај“.
Во тој момент Џошуа стана од столот и му пријде на Дубоа како да сака да започне нешто: „Даниел, не го сфаќам лесно твоето непочитување“ и погледна кон својот иден противник.
Спонзорите Ворен и Херн и обезбедувањето спречија можна физичка пресметка во студиото.