Ентони Џошуа сака да остане во историјата, но не со своите победи во боксерскиот ринг, туку со оние надвор од него.
Британскиот шампион зборуваше за „Ивнинг Стандард“, каде призна дека претпочита да замине во историјата како добар човек, бидејќи тешко дека неговите достигнувања во спортот ќе бидат достапни за сите.
„Ако погледнете наназад во одлични боксери како Мухамед Али, луѓето не паметат многу од неговите мечеви, но се сеќаваат каков човек беше тој. На крајот, никој нема да се сети на сите мои борби во боксот, освен ако не се најжешките фанови. Мојата приказна треба да биде за тоа каков сум како личност“, рече Џошуа.
Британецот ја допре и темата за движењето „Black Lives Matter“и како ја гледа својата улога во тоа.
„Потребен ни е наменски напор да се обединиме и да се избориме за позитивни промени, треба да ја продолжиме оваа борба како општество. Наша должност е да им помогнеме на луѓето во неволја, и, ако можеме, светот ќе биде подобро место. Работите само ќе се подобрат. Луѓето го пренесуваат своето знаење на следната генерација“.