Џошуа го повика поранешниот противник на Усик да му помогне во подготвките против Вајт

Поранешниот светски шампион Ентони Џошуа се подготвува за боксерскиот меч против Дилиeн Вајт, кој ќе се одржи на 12 август во лондонската О2 арена.

Тренирајќи за реваншот, Еј Џеј дополнително ја прошири листата на спаринг партнери кои ќе му помогнат да се подготви за реваншот против Вајт. Така, во неговиот камп за тренинг го покани Мајкл Хантер.

Американскиот боксер (20-1-2) последен пат се бореше во декември 2021 година кога ремизираше против Џери Форест.

Хантер е непоразен од април 2017 година кога загуби со одлука од Александар Усик во крузер категорија. Тоа беше негов прв и единствен пораз во кариерата.

Оттогаш имаше осум победи и две нерешени средби, а за одбележување е триумфот над Мартин Баколе, кого го совлада со прекин во десетата рунда.

А Џошуа знае колку е во игра на мечот против Вајт, па ништо нема да остави на случајноста и сака да се подготви што подобро.

Поранешниот шампион на Инстаграм објави дека во подготовките ќе му помогне Мајкл Хантер, но и уште двајца боксери Џеми Тшкива и Џеремаја Милтон.

Во 2021 година, Хантер требаше да боксира против Филип Хрговиќ, но тој го откажа појавување за да се бори против помалку познатиот Мајк Вилсон на настанот „Трилер фајт клуб“ во Њујорк.

Мајкл во четвртата рунда го победи сонародникот со ТКО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON