Џошуа е подготвен да ја забавува публиката со Усик

Светскиот шампион во тешка категорија ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Ентони Џошуа (24-1) е подготвен да направи вистинско шоу за публиката на мечот со Александар Усик (18-0). Тие треба да се сретнат на 25 септември на стадионот Тотенхем во Лондон.

Според тренерот на Еј -Џеј, Роб Мекрекен, неговиот боксер моментално е во таква форма што ќе го покаже најдоброто за што е способен против Украинецот. Покрај тоа, ќе направи борба што ќе се памети во наредните години.

„Еј Џеј е во одлична форма. Ќе се вклучам во неговата подготовка. Имаме доволно време, остануваат уште седум недели до средбата, што е доста долг период за меч од 36 минути. Не планираме да стигнеме толку далеку“, рече Мекрекен.

Според него, Џошуа е во позиција да го направи спектакуларен нокаут над Усик.

„Нашата цел е да се надоградуваме со секој меч. Тоа е она што го правиме. Значи, ќе го видите најдобриот Ентони Џошуа досега. Усик ќе го разбере од прва рака. Ова ќе биде борба со која луѓето ќе се забавуваат, бидејќи и двајцата се одлични борци. Но, победникот ќе биде АЈ“, категоричен е неговиот тренер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON