Ентони Џошуа и Тајсон Фјури сè повеќе се спомнуваат за пресметка за апсолутен шампион во тешка категорија.
Засега, Џошуа ја споменува борбата многу почесто. Тој честопати го споменува Фјури и едвај чека да го нокаутира.
„Јас работам напорно да го победам Фјури без оглед на тоа што ме сметаат за аутсајдер“, рече Џошуа, продолжувајќи:
„Ќе го победам Пулев. Не е на мое ниво. Сакам момци од врвот и гледам на Фјури како ќе поминам преку него”.
Сепак, промоторот Френк Ворен верува дека Џошуа против Фјури ќе помине како и Дионтеј Вајлдер.
„Тајсон против Џошуа ќе го направи истото што и против Вајлдер. Она што луѓето забораваат е дека Фјури има силна брада, има вистински паметен бокс, има брзина на рацете и нозете. Дали некој навистина мисли дека може да го совлада Фјури? Не! Имате подобра брада од Фјури? Не!, порачува Ворен.
Фјури има закажан реванш со Вајлдер, а Џошуа ќе треба да го победи Пулев за да има меч.