Џонс сака да биде голем како Нгану: Луѓето сакат да видат два гиганти

Новиот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нагану неодамна ја одби понудата за борба против Дерик Луис закажана за 12 јуни, а наведувајќи како причина дека мечот порано му дошол од предвиденото, само неколку месеци по триумфот над Стипе Миочиќ. Камерунецот го совлада американско-хрватскиот борец со нокаут во втората рунда на УФЦ 260, а по борбата истакна дека сака да се бори со Џон Џонс.

Но, Боунс допрва треба да постигне договор со најсилната ММА организација, па дебито во апсолутна категорија е сè уште неизвесно.

„Тренирам и сакам да бидам во најдобра можна форма, бидејќи мислам дека тоа подобро ќе ја продаде борбата. Луѓето сакаат да видат два гиганти, Френсис е веќе, а и јас сакам да станам тоа“, вели Џон Џонс и додава:

„Сакам да бидам како гигант, исто толку голем, па дури и поголем од Френсис. Имам уште многу работа да одработам и се надевам дека ќе се бориме. Продолжувам да тренирам и го чекам потегот на УФЦ“.

„Коски“ беше споредуван со неговите браќа, Артур, кој е поранешен американски фудбалер и Чендлер, кој сè уште игра за НФЛ тимот на Аризона Кардиналс.

„Мојата тежина ми одговара, одлично е да тренирам и да јадам што сакам. Очигледно сум со добар план за исхрана, јадам многу и многу одмарам. Во моментов живеам како вистински спортист“, истакна Џон Џонс и заклучи:

„Се чувствувам фантастично кога не треба толку да се грижам за својата тежина и да размислувам за слабеењето. Моите браќа се големи момци и чувствувам дека и јас треба да бидам таков цело време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON