Џонс-Нгану ќе биде најголемиот настан во историјата на УФЦ

Пред неколку дена, легендата на УФЦ, Џон Џонс, објави дека го назначил Рихард Шефер за советник. Шефер е поранешен директор на „Голден бој“ и има долгогодишно искуство во организирање на гала вечери на ППГ.

Боунс планира да соработува долго време со Рихард, за да му ги среди најпрофитабилните можни зделки. Во моментов сме на прагот на една од најголемите битки во историјата на ММА.

Џонс е подготвен да дебитира во тешка категорија и да се бори против шампионот Френсис Нгану. За жал, Џонс не може да се усогласи со УФЦ за хнорарот, а Шефер ќе даде се од себе за да помогне.

Во интервју за SiriusXM’s Fajt nation, Шефер зборува за неговата улога како советник на Xонс и за бorbата со Нгану.

„Ја има таа голема битка со Френсис Нгану. Тоа е борба што секој сака да ја гледа. Мојата улога е да помогнам во оваа средба. Ќе ја претставувам легендата на Џонс пред УФЦ и ќе видам дали можеме да се согласиме. Јас и Дана имаме многу добри односи.

Се почитуваме еден со друг. Добро ги познавам настаните од ППГ. Наскоро ќе го видам Вајт. Ги правев средбите на Мејведер и на Канело. Мислам дека ги разбирам ППГ настаните повеќе од многу други. Работев на некои од најголемите ППГ настани на сите времиња.

Заработив милиони од ППГ. Имам задача, а тоа е да му ја обезбедам на Џон оваа борба и ќе дадам се од себе. Мислам дека Нгану-Џонс ќе биде најголемиот ППГ настан во историјата на УФЦ“, рече Ричард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON