Џонс, Грасо и Никл земаа бонуси од УФЦ 285

Џон Џонс, Алекс Грасо и Бо Никл добија бонуси за нивниот настап на синоќешниот УФЦ 285 во Лас Вегас.

„Коски“ се врати во октагонот по речиси 3-годишна пауза за да го совлада Сирил Гане со гилотина во почетните минути од првата рунда.

Мексиканката ја симна од тронот Валентина Шевченко во мува категорија, принудувајќи ја со гушење од позади, откако видно губеше на поени.

Никл со рачен триаголник се справи со Џејми Пикет рано во борбите за главната карта.

„Мечот на вечерта“ стана оној меѓу Џеф Нил и Шавкат Рахмонов, каде што Узбекистанецот исто така со зафат за предавање ја доби борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON