Џони Вокер го нокаутира Рајан Спан во првата рунда (ВИДЕО)

Џони Вокер славеше над Рајан Спан на УФЦ Фајт најт 178 во Лас Вегас.

Вокер беше под голем притисок затоа што во борба вчезе со серија од два последователни пораз. Од почеток смело тргна напред и силно удари. Спан ја скрати дистанцата, по што влегоа во клинч, а Спан ја имаше контролата.

Се разделија, но Спан го сруши Бразилецот по еден силен удар. Рајан го следеше на партер и силно го туркаше. Бразилецот успеа да излезе и да застане на нозе, а Спан повторно го казнува со силен удар и го затресува. Џони и овој пат преживеа, но Спан се обидува да го сруши, сепак, Вокер се брани и реализира тешки удари по главата на Спан, нокаутирајќи го. Судијата ја прекина борбата во првата рунда.

По средбата Вокер одби да слави и почна да медитира. Со оваа победа ја прекина серијата од два последователни порази. Спан загуби серија од 8 последователни победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО