Џон Каванаг сака турнир на големата четворка во лесна категорија на УФЦ

Џон Каванаг, кој е тренер на Конер Мек Грегор, сака да види турнир во лесна категорија на УФЦ.

Каванаг сака во август да го види својот борец против Џастин Гејџи, како и Хабиб Нурмагомедов против Тони Фергусон истата ноќ. Ова ќе бидат полуфинале на турнирот, а на крајот на декември да се одржи финалето меѓу победниците од полуфиналните борби.

Во УФЦ не се љубители на вакви турнири, за разлика од Белатор, кои честопати се во различни категории.

Борбата меѓу Хабиб и Фергусон пропадна по 5-ти пат, а многумина сега веруваат дека таа е проколната. Не е познато дали УФЦ ќе се обиде да спротивстави во иднина. Нурмагомедов ќе биде надвор од тренажен процес до август поради Рамазанските пости, а по празникот ќе треба влегува во форма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО