Таткoтo на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, секогаш ќе застане во одбрана на неговиот син, а тој не бира зборови кога го прави тоа.
Таков беше Џон Фјури кога пропаднаа преговорите за апсолутниот светски шампион во тешка категорија против Александар Усик.
Тогаш многумина ги обвинија Кралот на Ромите и неговиот тим дека се најголемите виновници за неуспехот на договорот.
Познато е дека преговорите беа прекинати откако Усик се повлече од разговорите, посочувајќи дека Фјури постојано доаѓа со нови барања.
Во едно неодамнешно интервју Џон Фјури го нарече украинскиот боксер најголемиот лажго на светот.
„Усик е најголемиот лажго на светот, како и сите негови луѓе во тимот. Изгубив секаква почит кон нив. Ако сака борба нека го потпише договорот“, изјави Џон Фјури и додаде дека договорот е готов:
„Испратете им го на адвокатите, завршете го и ајде да договориме датум за борбката. Ајде да се договориме“!
Но, тешко дека преговорите околу мечот за апсолутниот светски шампион во тешка категорија сега можат да бидат рестартирани.
Александар Усик на 26 август во Полска ќе ги брани титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија против британскиот боксер Даниел Дубоа.
А Тајсон Фјури го чека меч против поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану. Нивната борба ќе се одржи на 28 октомври во Саудиска Арабија.