Џон Џонс ветува дека во септември ќе завладее со тешка категорија

Долгоочекуваното деби во тешка категорија на Џон Џонс очигледно нема да се случи налето.

Според поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, тој ќе чека Стипе Миочиќ да биде подготвен за битка, а тоа нема да се случи пред септември. Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, изјави дека е заинтересирана да организира меч меѓу Џонс и Миочиќ.

Од почетокот на овој месец се знае дека е предложена шампионска борба за привремената титула меѓу двајцата борци на УФЦ 276 во јули. Сепак, Џонс дозна дека Миочиќ нема да биде подготвен за тоа време, па реши да почека.

„Стипе рече дека ќе биде во топ форма во септември. Малку сум разочаран, но сум трпелив. Го сакам најдоброто во тешка категорија, во неговата најдобра форма. Ќе почекам до септември. Без оправдување.

Ќе излажам ако кажам дека не сум разочаран од ова одложување“.

34-годишниот Џонс последен пат зачекори во октагонот во февруари 2020 година, кога го победи Доминик Рејес и ја одбрани титулата. Потоа најави дека ќе се пресели во тешка категорија и почна да добива мускулна маса.

Миочиќ (39) не се натпреварувал од март 2021 година, кога ја загуби титулата од Френсис Нгану. На Миочиќ не му се брза да се врати откако неговата сопруга роди второ дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON