Џон Џонс, еден од најдобрите борци во историјата на ММА, наскоро ќе се врати во октагонот по тригодишна пауза.
Боунс ќе се појави на 4 март на настанот УФЦ 285, каде ќе се бори против Сирил Гане за титулата во тешка категорија. Тоа ќе биде негово деби во тешка категорија.
Поранешниот владетел во полутешка категорија во едно неодамнешно интервју откри зошто решил да ги смени дивизиите, а без разлика што неговиот следен противник е Гане, сепак, сака да се бори со Стипе Миочиќ.
„Стипе е голем предизвик, но не сакам да го потценувам Гане и тој е сериозен противник. Но, моето внимание сепак е насочено кон Миочиќ затоа што многумина го сметаат за најдобар тешкаш во историјата“, изјави Џон Џонс и додаде:
„За мене би било чест да се борам против тој човек. Да се победи таков борец беше нешто посебно и тоа е причината зошто сакам да се борам со него. Морам да се борам со најдобрите за да го зацементирам моето наследство. Стипе е мојата следна цел“.