Шампионот на УФЦ во тешка категорија Џон Џонс се изјасни за невин по двете обвиненија против него.
Ова се случи за време на виртуелно сослушување во суд во Ново Мексико. Судијата Британи Малдонадо Малот претседаваше со постапката додека Џонс присуствуваше на виртуелното сослушување заедно со неговиот адвокат Кристофер Дод. Џонс се изјасни за невин по прекршочните точки од обвинението за напад и мешање во комуникациите по наводната расправија со допинг службениците кои го посетиле неговиот дом во март.
Судијата му наметна прилично остри ограничувања додека трае судењето. Џонс не смее да поседува огнено оружје или опасно оружје и не смее да поседува или консумира алкохол или дрога.
„Коски“ мора да го извести судот доколку неговата адреса се смени и да остане во контакт со неговиот адвокат. Ѕвездата мора да „избегнува секаков контакт“ со наводните жртви во случајот. Следниот чекор во неговиот случај е судење, кое е закажано за 22 август во Ново Мексико.
Обвиненијата против Џонс произлегуваат од наводниот инцидент со двајца агенти кои се претставници на Спорт без дрога, а кои пристигнаа во неговата куќа на 30 март за да земат примерок како дел од анти-допинг агенцијата на УФЦ.
Доколку биде осуден за двете обвиненија, Џонс може да се соочи со казна затвор до 1 година и парична казна од 1.500 долари.
View this post on Instagram