Еден од најдобрите ММА борци во историјата Џон Џонс неодамна изјави дека неговата вереница Џеси Мозес го оставила пред два месеци и се чувствува многу лошо.
Многумина заклучија дека на Бонс ќе му треба повеќе време за да се врати во борбите, некои забележаа дека неговото враќање е неизвесно.
Во една од последните објави на Твитер Џонс ја негираше можноста да се откаже.
„Пријателе, нема шанси, мојата приказна е далеку од завршена. Доволно сум мудар за да знам како сите ние поминуваме низ некои периоди во животот. Имав многу одлични и неколку лоши моменти. Возбуден сум за следниот, ќе станам светски шампион во тешка категорија, способен сум за многу работи“, изјави Џон Џонс.
Шампионот Френсис Нгану ќе има операција на коленото и малку подолго закрепнување.
Неговото враќање на борбите се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година, а УФЦ во меѓувреме би можел да биде домаќин на привремен меч за титулата.
Често се споменува дека ова треба да биде судир меѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ, но никој се уште отворено не кажал што мисли за тоа. Неодамна и Каел Сонен коментираше за инертноста во тешка категорија.
https://twitter.com/JonnyBones/status/1496914031495434243?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1496914031495434243%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Fjon-jones-istaknuo-kako-jos-nije-zavrsio-pricu-te-najavio-bit-cu-prvak-teske-kategorije%2F