Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија и еден од најдобрите борци во историјата Џон Џонс ќе дебитира во кралската дивизија на најголемата светска ММА организација.
Борбата меѓу Боунс и Сирил Гане ќе биде главен настан на УФЦ 285, кој ќе се одржи на 4 март во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.
Тоа ќе биде прв меч за Џонс по тригодишна пауза. Имено, неговата последна борба беше на почетокот на февруари 2020 година, кога со едногласна одлука на судиите го победи Доминик Рејс.
А во едно неодамнешно интервју откри зошто решил да се качи во тешка категорија.
„Престанав да ги проучувам снимките од други борби, тренинзите станаа монотони, се изгледаше како друг ден во канцеларија. Повеќе не чувствував страв. Никој веќе не можеше да ме плаши, а хонорарите стануваа се пониски и пониски“, рече Џон Џонс и продолжи:
„Не можев повеќе да се борам со противници како Рејес, кој сонуваше за тој меч дури и во училиште. До тој момент никој не знаеше за него. Барав повеќе, сакав да го разбудам немирот во мене и повторно да го почувствувам стравот. И сега сум во таа позиција, повторно го чувствувам. Тешката тежина никогаш не била пострашна и мило ми е што сум дел од неа“.