
Џон Џонс продолжува да тврди дека се подготвува да се врати во УФЦ во 2026 година, на историски настан за кој се вели дека ќе се одржи во Белата куќа.
По месеци неизвесност околу неговата кариера, Дана Вајт официјално го потврди пензионирањето на Џонс минатиот месец, веднаш по првиот настан на УФЦ во Баку, Азербејџан.
Но, кратко потоа, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека УФЦ ќе одржи голем настан пред Белата куќа на 4 јули 2026 година – потег што веднаш го привлече вниманието на поранешниот шампион. Џонс потоа објави дека се враќа во антидопинг програмата на УФЦ, сугерирајќи дека излегува од пензија и се подготвува да се врати на големиот настан.
Џонс се појави во Русија овој викенд, каде што беше почесен гостин на боксерскиот настан IBA Bare Knuckle.
За време на настанот, претседателот на ИБА, Ал Сиеста, му понуди интересна алтернатива на настанот на УФЦ во Белата куќа: борба на Црвениот плоштад во Москва.
„Џон, знаеш за овој настан во Белата куќа, дали би сакал да настапиш на него“? – праша Сиеста.
„Би сакал, работам на тоа“, одговори Џонс.
„Слушај, ако тоа не успее, имам алтернатива, Црвениот плоштад. Дали би ти одговарало“? – понуди Сиеста.
„Договорно сум обврзан со УФЦ долго време“, рече Џонс, јасно ставајќи до знаење дека не може да настапи надвор од промоцијата.
Потоа Сиеста предложи договор со Дана Вајт и борба со легендарниот Федор Емелијаненко:
„Ако се договориме со Дана, ќе те однесеме на Црвениот плоштад. Можам да го договорам Федор, двајца боксери“.
Џонс веднаш ја отфрли идејата:
„Не. Никој не сака да ме гледа мене и Федор како се бориме. Не сакам да се борам со него, апсолутно го сакам. Федор ми е идол со години, како и Андерсон Силва. Тие борци ме инспирираа додека растев и тоа никогаш нема да се промени“.
View this post on Instagram



