Џон Џонс ќе се бори со Стипе Миочиќ во ноември во Њујорк

Џон Џонс ги објави датумот и локацијата на неговото враќање во кафезот на УФЦ. Живата легенда најави дека ќе ја брани титулата во тешка категорија на 9-ти ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк. Ќе се сретне со друга легенда, Стипе Миочиќ. Борбата меѓу нив треба да се случи во ноември минатата година.

Тогаш, за жал, „Коски“ се повреди и се извлече од борбата. Ова доведе до создавање на привремена титула која ја освои Том Аспинал. Џонс сега се опорави и почнува да тренира за борбата со Миочиќ. Џон го освои појасот откако го заврши Сирил Гане за 2 минути во март 2023 година.

Стипе не се борел од март 2021 година. Потоа беше тешко нокаутиран од Френсис Нгану и ја загуби титулата.

„9-ти ноември, Медисон сквер гарден. Ајде да го направиме тоа“, напиша Џонс на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON