Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс е во одлична физичка форма.
„Коски“ тренира за дебито во тешка категорија 2 години и се надева дека оваа година жестоко ќе влезе во новата категорија. Џонс се надеваше дека ќе се бори со Френсис Нгану, но Предаторот е подложен на операција и ќе биде надвор од теренот до крајот на годината.
Неодамна Дана Вајт изјави дека планираат привремена титула во тешка категорија за која ќе се борат Џонс и Стипе Миочиќ. Се очекуваше оваа борба да ја видиме налето, но Џон откри дека на Миочиќ му треба повеќе време. Така, нивната средба ќе се одржи наесен.
Живата легенда во полутешка категорија ќе има повеќе време за подготовка. 34-годишниот Американец не се борел 2 години. Последен пат го победи Доминик Рејес и во 2020 година го одбрани појасот.
Џонс има скор 26-1-1 во ММА и е во серија од 17 последователни победи. Тој се борел со некои од најдобрите ММА борци и никој не успеал да го победи.
Еве како изгледаше Џонс пред неговото деби во тешка категорија: