Џон Џонс го предизвика Стипе Миочиќ

Легендата на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс е подготвен да се бори со Стипе Миочиќ. Неодамна, Даниел Кормиер изјави за ЕСПН дека УФЦ треба да направи борба за привремена титула во тешка категорија меѓу Миочиќ и Џонс.

Френсис Нгану на крајот на минатиот месец ја одбрани неприкосновената титула со победата над Сирил Гане. Сепак, ѕвездата од Камерун има повреда на коленото кое ќе мора да го оперира. По операцијата ќе има 9 месеци закрепнување.

Ова е добар предуслов за создавање на привремена титула и нема други кои повеќе заслужуваат шанса од Миочиќ и Џонс. „Коски“ веќе година ипол тренира за тешка категорија и сака да дебитира налето.

На социјалните мрежи Џонс предложи битка меѓу двајцата најголеми во двете категории.

Најдобриот на сите времиња во тешка категорија против најдобриот на сите времиња во полутешка категорија. Кој сака да ја види оваа борба? Во игра сум“, напиша Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON