УФЦ 295 ќе се одржи во сабота на 11 ноември во Медисон сквер гарден во Њујорк.
Настанот го предводи борбата за титулата во тешка категорија меѓу Џон Џонс (27-1 ММА) и Стипе Миочиќ (20-4 ММА).
Џонс (36) е актуелен шампион на УФЦ во тешка категорија, откако последен пат го победи Сирил Гане (11-2 ММА) преку предавање во март оваа година на УФЦ 285. Единствениот пораз на Џонс во кафезот дојде во декември 2009 година кога се соочи со Мет Хамил (13 -8 ММА) и беше дисквалификуван поради недозволени удари со лакти.
41-годишниот Миочиќ сака да го симне Џонс од тронот и да постигне шампионски статус по неговиот последен пораз со нокаут од Френсис Нгану (17-3 ММА) во март 2021 година на УФЦ 260.
Пред мечот „Коски“ ги изнење своите размислувања за пензионирањето и за неговиот претстоен противник Стипе Миочиќ, велејќи:
„Се чувствувам како кога ќе стигнеш до место каде што не чувствуваш ништо, тоа е веројатно моментот кога треба да застанеш. Во тој момент сè уште чувствувам морници, човеку. Имам кошмари за моите противници. Можам да имам секс и по некое време Стипе да помине во мојот ум”.
Можеби Џон Џонс споделува премногу информации за тоа кога и како му паѓа на памет Стипе Миочиќ…
Без разлика, Џонс се чини дека е фокусиран на претстојната борба и ќе бара да ја одбрани круната на УФЦ 295. Иако навести дека ќе се пензионира по борбата со Миочиќ, сè е можно.