Актуелниот носител на титулата во тешка категорија на УФЦ, Џон Џонс, одговори на прашање на обожавател за зголемување на мускулната маса. Живата легенда на УФЦ го советуваше дека може да стави мускулна маса, но треба да јаде црвено месо.
„Не плашете се од црвеното месо“, одговори Џонс.
Потсетуваме, на крајот на октомври минатата година Џонс беше тешко повреден при спаринг на тренинг. Закрепнувањето на познатиот спортист траеше 8 месеци. Сега е закрепнат и почна да тренира за неговото враќање во октагонот.
Легендата откри дека ќе се бори со Стипе Миочиќ во ноември во Њујорк. Џонс има 29 борби на професионално ниво, во кои победи на 27 (10 со нокаут), претрпе еден пораз, а една борба во која учествуваше беше прогласена за неважечка.
View this post on Instagram