Џон Џонс: Брзо ќе си го вратам појасот од новиот шампион Блахович

Џон Џонс не молчеше на крунисувањето на новиот шампион во полутешка категорија на УФЦ.

Полјакот Јан Блахович го победи Доминик Рејес за испразнетата титула, која претходно беше во рацете на Коските, но тој ја ослободи со преселба во тешка категорија. Поранешниот шампион, се чини, не беше задоволен од она што го виде од неговиот наследник и се зајаде со него на социјалните мрежи. Џонс напиша дека лесно ќе го победи Полјакот за да си ја врати титулата, сè додека навивачите го бараат тоа од него.

„Луѓе, ќе ви биде ли здодевно ако се вратам и бргу ќе си го вратам појасот?“, им рече Коски на своите фанови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО