Џо Роган: Оливеира беше изманипулиран

Џо Роган верува дека Чарлс Оливеира бил изманипулиран на мерењето пред неговата последна борба.

На почетокот на овој месец, Оливеира ја забложи својата титула во борба со Џастин Гејџи. Тие го предводеа УФЦ 274 во Аризона. На вагата Чарлс беше потежок за 200 грама, а УФЦ му го одзеде појасот. Оливеира имаше 1 час да ги изгуби тие 200 грама, но не успеа.

Така ја ослободи титулата и не ја освои, иако го совлада Гејџи. Имаше тврдења дека вагата не се прикажува правилно, но тоа не беше докажано. До Бронкс повеќе не е шампион, а за коментаторот Роган тоа е неправда.

„Тој беше изманипулиран во неговата последна битка. Имаше некои трикови со вагата. Некои луѓе го допреа. Има проблем со овие дигитални ваги.

Странските борци користат килограми, а во Америка, очигледно, ние користиме фунти. Овие ваги се калибрираат и потоа странските борци ќе ја ресетираат вагата за да можат да ја префрлат назад на тежината. Ова ја изманипулира целата калибрација.

Се измери пред вагата и виде дека е подготвен. Наутро сепак доаѓа и е 200 грама потежок. Ова е директно поврзано со калибрацијата.

Сега УФЦ има нова политика бидејќи има чувари кои 24 часа бдеат над вагата. Имаше луѓе кои си играа со вагата“, рече Роган во својот подкаст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО