Џо Роган е убеден дека Френсис Нгану ќе биде одличен боксер: Тој е најсилниот удирач во светот

Френсис Нгану за прв пат ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ во јануари, а неколку недели подоцна беше опериран на коленото.

Додека се чека неговото враќање во борбите, неговиот статус на промоцијата се уште е нејасен.

Имено, не е тајна дека е во лоши односи со промоцијата, која не сака да ги исполни неговите барања (повисок хонорар, можност за бокс…), па се уште не го продолжил договорот.

Нигериецот често истакнува дека би сакал да боксира, а своевремено многу се зборуваше за можна борба против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

Експертите во боксот знаеја да анализираат како ќе помине Нгану во дуелот против врвните борци, а сега Џо Роган ја допре таа тема.

„Френсис Нгану е одличен спортист. Како мал мораше да работи во рудник за песок, тоа е лудост, тој е фантастичен борец со 123 килограми. Удира посилно од кој било и го има најсилниот одмерен удар на светот“, изјави Џо Роган и додаде:

„А Дионтеј Вајлдер е веројатно најдобриот нокаут во историјата, во еден момент имаше скор од 39-0, а 38 од тие борби завршија со нокаут. Значи, ако има таков борец, Френсис требаше веднаш да оди на бокс, а не на ММА. Не требаше да учи да удира со нога, само да размислува со глава, а има 123 килограми. Лудо“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON