Британскиот тешкаш Џо Џојс имаше две борби минатата година и ги загуби. А Жилеј Жанг беше подобар од него во двата дуели.
Во април кинескиот боксер го победи Џојс со прекин во шестата, а неколку месеци подоцна беше уште побрз – мечот заврши со нокаут во третата рунда.
Југернаут пред неколку дена потврди дека наскоро ќе се врати во рингот, но се уште не знае кој би можел да биде противникот.
„Џозеф Паркер беше одличен против Дионтеј Вајлдер, добро боксираше. Би сакал да го видам во рингот против Даниел Дубоа и потоа да се борам против победникот. Дубоа покажа како се враќа на вистинскиот пат“, истакна Џо Џојс и го откри планот за неговото враќање:
„Има неколку боксери со кои сакам да се борам. Ќе биде убаво да се вратам во рингот, да победам и да барам големи борби“.